Проект Среќа: Проект за реконструкција и градење на домови на семејства со деца, кои живеат во тешки и нехумани услови

„Топол дом за сите“ е проект кој здружението Проект Среќа, го започна во декември 2019 година, и се однесува на реконстукција и градење на куќи на семејства со деца, кои живеат во исклучително нехумани и тешки услови, без елементарни услови за живот.

„На прес конференцијата во декември, промовиравме и песна и музички спот за поддршка на целата кампања, која се вика „Новогодишна“

и ги кажавме нашите намери да собереме средства за реконструлција на 10 куќи од цела Македонија.

За жал спотот освен МРТВ скоро ниеден друг медиум не го пушти повеќе од еднаш, иако се работеше за новогодишна песна, со хуман и филантропски дух, какви секаде по светот се најмногу вртени на каналите во текот на новогодишните празници. Од таа причина, за кампањата малку кој слушна, и резултатот беше мал број на донации и лица и компании кои сакаа да се вклучат.

Ние, сепак одлучивме да не се откажеме, па почнавме директна кампања, со писма до компании, и активирање на наши лични контакти.

Така, благодарение на Сенатор Казина, и хотелот „Paint It Black“ од Гевгелија компании кои континуирано даваат поддршка во проектите на Проект Среќа, кои се пријавија како главен донатор за градежните работи за цела куќа, во февруари, започнавме со изградба на првата куќа, на семејството Симоновски, од Скопје, Ѓорче Петров, самохран татко на 5 мали деца.

Тие дојдоа со своја екипа, и со неверојатен професионализам, и употреба на најквалитетни материјали, ја реализираа изградбата од кров до под.

Во текот на градбата, се јавија и останати компании кои сакаа да учествуваат, па на 10 март завршивме со комплетна изградба на целата куќа, која беше во многу лоша состојба, во фаза на карабина, без електрични и водоводни инсталации.

Каков е крајниот резултат можете да видите и самите.

Семејството за целото време додека се градеше куќата, беше отселено, па изненадувањето и среќата на нивните лица, кога за прв пат ја видоа нивната куќа, кој сега веќе беше вистински дом, неможеме да ви ја опишеме со зборови.

Тие деца, кои спиеја на под, без тоалет, ниту било што кое едно дете треба да има, за прв пат имаат своја соба, кревети, тоалет, вода, струја, и се што еден дом треба да поседува. Нашата среќа беше уште поголема, што успеавме да го направиме она кое замисливме, токму така, како што сметавме дека треба.

Ние веќе ги имаме селектирано следните 10 семејства, на кои сакаме да им изградиме таква среќа, и да им го смениме животот од корен, нудејќи им за прв пат, вистински дом, во каков секое дете треба и има право да живее.

Заради кризата со Корона вирусот, нашите активности се моментално сопрени, но се надеваме дека многу наскоро ќе продолжиме со нашиот проект и нашата мисија.

Апелираме до сите компании, особено градежни компании кои се бават со било кој сегмент од градба и уредување, да се пријават и заеднички да изградиме среќа и топол дом за огромен број деца од цела земја.

Ова е еден од најголемите хуманитарни проекти, било кога продуцирани во нашата земја, и токму заради тоа, ќе ни треба целата поддршка која моѓеме да ја добиеме.

Заеднички можеме да направиме големи нешта, прашање е само дали сакаме.

Апелираме до медиумите на поголемо ниво на општествена одговорност и хуманост, бидејќи, во тој сегмент имаме најлоша пракса во регионот, а веројатно и во Европа.

Залудно е ако ние работиме, а ако вие не го пренесете тоа до оние кои треба да не чујат, лицата на кои им треба помош, и оние кои имаат моќ да помогнат.

Продуцент, автор и главен менаџер на целиот проект е Кристина Арнаудова, претседател на Проект Среќа.

Благодарност до сите компании и физички лица со големи срца кои до сега не поддржуваат како здружение. Вашата поддршка нам и на сите деца и семејства на кои во текот на годината им помагаме преку нашите бројни проекти, им значи многу!

За сите информации, посетете ја нашата фб страница, или веб страница www.proektsreka.mk сите заинтересирани за учество во овој проект, на било каков начин, може да не бараат на 078/405-264“, наведуваат во соопштението од Проект Среќа.

Потоа:

Потоа:

Потоа:

Пред:

Потоа:

Процесот:

Пред:

Потоа:

 




Коментари

[fbcomments]