Професионалност на дело: Студиото за убавина La Sensa се погрижи за фризурите на манекенките на новата ревија на Јована Филиповиќ

Нашата докажана дизајнерка Јована Филиповиќ, која секогаш предизвикува воодушевување преку својата работа во модниот свет, пред неколку денови ја претстави својата нова колекција за сезоната 2020 насловена како „ID-entity“. Ревијата се одржа во „Станица 26“, локација која совршено прилегаше на целокупната ревија. 


“Сметам дека самата колекција бара таков тип на презентација, изјави Филиповиќ, која се врати на македонската модна сцена со ревија, по две години. Во меѓувреме, омилената креаторка на скопската елита, беше на мастер студии на универзитетот за мода, Полимода во Фиренца, Италија.

Ревијата беше од отворен тип, но сепак за пријателите и сите оние кои знаат да ја ценат и сакаат модата, во луксузен амбиент со совршена организацијата.

Поради моделите кои беа минималистички, монохроматски, во бела, сива и црна боја, потребно беше девојките да добијат и соодветни фризури кои совршено ќе се вклопат во целосниот изглед. Сите сме свесни колкаво значење имаат и фризурите за секоја модна ревија, па поради тоа, Јована не остави ништо на случајноста и го избра студиото за убавина La Sensa да се погрижи за тоа.
Професионалниот тим на La Sensa се погрижи да ја долови замислата на Јована Филиповиќ и им овозможи на девојките кои беа дел од ревијата совршен изглед. Фризурите го надополнија целосниот изглед на вистински начин, а низ фотографии и видео записи погледнете како изгледаше оваа прекрасна ревија, каде што студиото за убавина La Sensa уште еднаш покажаа дека се вистински професионалци кои беспрекорно ја вршат својата работа без разлика на пригодата, околностите и притисокот.



Коментари

[fbcomments]