Професор ја носел на грб својата ученичка за да може да присуствува на екскурзијата

Овој професор ја враќа вербата во човечноста со неговиот гест, правејќи го она што за многумина е незамисливо. Тој се погрижил сите негови ученици да присуствуваат на екскурзијата вклучувајќи ја и ученичката со инвалидитет која поради неможноста да се движи ќе го пропуштела дружењето со соучениците.

Рајан е 10-годишно девојче, која боледува од Спина Бифида, вродена состојба која влијае врз ‘рбетот. Како резултат на тоа, Рајан мора да се движи со помош на инвалидска количка до крајот на својот живот. Токму затоа, оваа екскурзија за неа била невозможна. Кога нејзината мајка дознала дека планираат патување од училиштето, била свесна дека нејзиното дете нема да може да биде дел од него.

Но, професорот Џим Фримен, направил промена на планот. Тој се понудил да ја носи на својот грб, за таа да може да ужива во патувањето. Благодарение на овој прекрасен професор, девојчето била дел од екскурзијата. Девојчето како и нејзиното семејство биле пресреќни.

Во едно интервју, Фримен вели дека ова бил неговиот начин да му помогне на девојчето. Тој вели дека ова е најмалку што можел да направи, земајќи ги в предвид сите секојдневни пречки со кои се соочува таа. Нивната инспиративна приказна стана вирална, а Рајан сега добива позитивни пораки од сите краишта на светот.




Коментари

[fbcomments]