Проговори само ако она што ќе го кажеш е подобро од тишината: Познати кинески поговорки!

Кина отсекогаш е сметана за колевка на знаењето и разбирањето на светот и местото на човекот во него. Кинеската култура е опкружена со мудрости, а изреките може да се применат на секој од нас.

Невидливиот црвен конец ги поврзува оние кои се предодредени еден ден да се сртнат, без обзир на времето, местото или околностите. Тој конец може да се растегне или да се замота, но никогаш нема да прекине.

Оној кој упорно ги истакнува твоите недостатоци, не значи дека ти е непријател. Оној кој секогаш ти дава комплименти, не значи дека ти е пријател.

Искушението да се предадете секогаш е најсилно непосредно пред победата.

Целта на животот е да умрете млад, но колку што е можно подоцна.

Минатото не може да се случи повторно.

Не плашете се да одите полека. Единствено плашете се од цврстото стоење.

Искуството е како чешел кој ни го дава природата само кога ќе ја изгубиме својата коса.

Проговори само ако она што сакаш да го кажеш е подобро од вистината.

Колибата во која живее смеата е повредна од палатата полна со солзи.

Што и да се случува, се случува на време.

Ако си навистина талентиран, не се плаши од уроци и лоша среќа.

Тагата влегува на вратата која е отворена.

Спиењето на иста перница не значи делење на истите соништа.

Подобро да бидеш човек еден ден, отколку сенка илјада години.

Големите реки течат тивко, мудриот човек не го подигнува својот глас.

Човекот кој поместува планини е оној кој почнал носејќи најмали камења.

Најдобро време да засадите дрво е пред 20 години. Другото најдобро време е сега.




Коментари

[fbcomments]