Производите на Кораб Трница достапни до вас: Подарени од природата, претопени во традицијата, вкусни, единствени!

Производите на брендот Кораб Трница се надалеку прочуени првично по нивниот квалитет кој се должи на еколошки чистата и природна средина во која се наоѓаат нивните фарми.

Разновидноста и богатството на тревите со најразлични цветови и чаеви е преточено преку млекото во вкусот, специфичната густина, уникатноса на киселите млека, и тоа овчото козјото и кравјото кисело млеко, кои потсетуваат токму на природата преточена во нив.

Создавањето на сорењата претставува посебен спој на традицијата и современото, каде што при производството на истите е преземено дел од традиционалното, старо производство во мандра, но со додаток на современото, на европското, преку високи стандарди за производство и безбедност на храна и преку современи технолошки процеси. Така се добиени вкусни традиционални, македонски сирења но, истовремено и современи, модерни, безбедни.

Меѓу производите на Кораб Трница се наоѓаат три типа на сирење: овчо, козјо и мешано кои токму поради спојот на традицијата и модернето се прифатливи за сите генерации. Истите веќе се препознатливи за купувачите и претставуваат нивно секојдневие.

Најголема вредност на една компанија се нејзините вработени кои сплотени ја градат истата, а истовремено размислуваат и иновативно. Доказ за тоа се двата нови производа и тоа овчи кашкавал со мајчина душица и магдонос и овчи кашкавал со нане и босилек, кои се новина на пазарот и како такви единствени и по технологија и по состав и по вкус.

 

Во нив се сплотени квалитетот наприродното овчо млеко, природните здрави билки: мајчина душица, нане, босилок и магдонос и современото иновативно и оргинално производство. Важно е да се напомене дека истите се заштитени како оригинално производство и се единствени на нашиот пазар и пошироко.

Продавниците се лоцирани во: Т.Ц. Бисер, пазарче Буњаковец, Црниче во близина на МВР, Тафталиџе во близина на пазарчето, Капиштец спроти Т.Ц. Беверли и Трница.

 

Земено од природата, претопено во традицијата, вкусно, единствено. Традицијата продолжува, Кораб Трница!




Коментари

коментари