Категории

Пролет во црвено

Оваа пролет меѓу најдоминантните бои ќе биде црвената која на огромна радост на многу дами повторно се враќа на врвот. „Жестоката“ црвена боја е вистински симбол на женственост и елеганција која во себе поседува и мала доза на бунтовност и храброст.  Како веќе прогласена за боја која му стои на секоја дама, не плашете се од целосно црвените комбинации бидејќи трендсетерките ги обожаваат и ги сметаат за безвременска класика во женската мода која низ годините била омилена на бројни модни икони. За оваа топла сезона, морате да поседувате барем едно парче во црвена боја, било тоа да е фустан или комбинезон, а доколку сепак не сметате дека сте доволно храбри за целосно црвена комбинација тогаш блејзер, кошула или панталони би биле одличен избор..

Прегледи:
249
Објавено на:
02.05.2017