Категории

Пролетен специјалитет: Луто пилешко со манго

Оваа пролет внесете малку свежина во исхраната, пробајте некој нов рецепт несвојствен за ова поднебје. Пилешкото со манго има уникатен вкус, а ќе биде вистинско освежување на семејната трпеза. 

 

СОСТОЈКИ

500 грама пилешки батаци, без коски и кожа, исечени на парчиња
1 лажиче густин
1 лажичка сос од соја
1/2 лажичка од масло од сусам
1/2 лажичка масло од кикирики
1 црвен кромид, исецкан
1 лажичка рендан ѓумбир
2 лажици грашок или боранија
1 манго, излупено и исецкано
1 лажичка чили сос
црн пипер по вкус

ПОДГОТОВКА

МИНУТИ 0-12

Маринирајте

Измешајте го пилешкото, густнот, сосот од соја и маслото од сусам. Нека отстои околу 10 минути, така што месото ги апсорбира вкусовите.

МИНУТИ 12-17

Пропржете го зеленчукот

Во поголем сад, загрејте го маслото од кикиритки, потоа додадете кромид и ѓумбир. Пржете околу 2 минути, потоа додадете грашок или боранија. Пржете една минута. Додајте го пилешкото со состојките и пржете додека не почне да го крчка, околу 2 минути.

МИНУТИ 17-19

Завршете со готвењето

Додајте манго, чили сос и бибер. Пржете додека пилешкото не се зготви и мангото не стане кремасто, уште 1 минута.

Сервирајте со интегрален ориз. За 4 лица.

НУТРИЦИОНИСТИЧКА ВРЕДНОСТ

Калории: 361

Протеини: 31 грам

Јаглехидрати: 20 грама

Масти: 16 грама

Натриум: 407 милиграми

Прегледи:
426
Објавено на:
12.04.2018