Пролетната колекција на Christian Dior во funk феминистички стил

Креативниот дизајнер на модната куќа Christian Dior, Мариа Грасија Чиури за новата колекција пронајде инспирација во работата на познатата историчарка Линда Ночлин.

Веќе е одамна јасно како модната куќа е една од најголемите поддржувачи на феминизмот кои жестоко го прославуваат па така ревијата беше отворена со модели на џемпери на кои пишуваше “Зошто нема големи женски уметници?” -(“Why Have There Been No Great Women Artists?”) што е оригиналниот наслов на есејот на Линда во кој таа раскажува за тоа зошто жените не се ценети во светот на уметноста.

Колекцијата претставува електричен поглед на женствениот стил, од тексас до џемпери, прозирни здолништа, и сето тоа спакувано заедно како Dior жената нема никакви ограничувања.

Нова доза на феминизам во комбинација со funk, ни донесува пролетната колекција на Dior, погледнете..




Коментари

коментари