Пролетни одлуки: Што треба да промените во своите навики за да го доведете телото до совршенство?

Денес и официјално започна пролетта, а со зголемувањето на температурата се зголемува и желбата за совршено тело и обликувани мускули. Иако не постојат изговори и во текот на зимата за опуштањето и зголемувањето на килограмите, сепак поголемиот дел од нас овој период се будат од „зимскиот сон“ и прават планови како најбргу да ја доведат својата линија до совршенство до почетокот на летото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Со следните совети ние ќе се погрижиме да ви помогнеме околу вашите пролетни одлуки сѐ со цел да се чувствувате удобно во вашата кожа оваа пролет.

1. Не започнувајте да држите најразлични диети

Дали некогаш сте запознале личност која е во навистина добра форма и постојано е на диета? Секако дека не. Тоа е така затоа што луѓето кои се во одлична форма не држат диети – тие се хранат правилно и тоа е нивниот начин на живот. Хранете се здраво и ќе почувствувате голема енергија која ќе посакате да ја потрошите преку физичка активност.


2. Пронајдете начин да уживате во вежбањето

Одлуката да започнете со вежбање е од исклучително значење, но што ако не уживате во целиот процес? Вежбањето треба да биде задоволство, а не обврска. Токму поради тоа ви препорачуваме да започнете со вежбање пилатес. PowerHouse Pilates е најдоброто специјализирано пилатес студио кај нас, а тоа го докажува бројот на членови во студијата во Аеродром, Кисела Вода и Дебар Маало. Професионалните инструкторки ќе се погрижат да се вљубите во пилатесот и тоа да стане ваше секојдневно задоволство и потреба. Динамика, креативност во вежбите и голема забава е она што ќе го почувствувате уште на првиот час.

3. Здравјето и вежбањето нека бидат ваш приоритет

Само здравиот човек може да биде среќен човек. Одржувањето на здравјето е процес во кој пилатесот може има голема улога. Во комбинација со правилната исхрана, вежбањето во PowerHouse Pilates ќе ви овозможи благосостојба на целиот организам, покрај големите придобивки кои ќе ги почувствувате на телото и мускулите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


4. Опкружете се со луѓе кои вежбаат и се физички активни

Ја знаете изреката „вие сте она што јадете?“ Тоа е точно, но за вашиот карактер и навики многу говори и вашето опкружување. Доколку постојано сте опкружени со луѓе кои јадат брза храна, немаат никаква физичка активност, имаат пороци, голема е веројатноста дека и вие ќе го изберете полесниот пат.

Меѓутоа, уште една од многубројните предности на пилатесот е вежбањето во група од повеќе луѓе. Со тек на време во целиот забавен процес при вежбањето, вие се зближувате со луѓето околу вас и ги прифаќате здравите навики еден од друг. Пилатесот не е само вежбање и трошење калории, тоа е начин на живот.

5. Останете активни и надвор од салата за вежбање

  • Пешачете секогаш кога имате време за тоа
  • Поминувајте го викендот активно, возејќи велосипед, планинарење, или пак некој спорт
  • Секогаш одете по скали, а не со лифт.
  • Бидете во движење секогаш кога имате слободно време.



Коментари

коментари