Категории

Пронајдена венчаницата стара век ипол, изгубена на хемиско чистење

Пронајдена е венчаницата стара 150 години која повторно беше загубена по затворањето на фирмата за хемиско чистење, чијашто сторија привлече бројни корисници на социјалните мрежи.

Тес Њувол од Морам вели дека била „избезумена“ кога сфатила дека исчезнала венчаницата на нејзината прабаба. Тоа се случило откако била затворен сервисот за хемиско чистење „Kleen“ во Единбург.

Њувол на социјалните мрежи објави дека венчаницата е пронајдена во купиштата облека на фирмата чиј сопственик банкротирал. Нејзината приказна за загубената венчаница ја прочитале повеќе од 200.000 корисници на социјалните мрежи.

Оваа 29-годишна жена која во јуни минатата 2016 година се омажила за Алфред Њувол, сега објави дека е „апсолутно одушевена“ од пронаоѓањето на венчаницата која во септември била однесена на хемиско чистење, а фирмата пропаднала еден месец подоцна.

„На моите родители им се јави сопственикот на деловниот простор чиј внук ја прочитал приказната за венчаницата. Рекол дека го пребарал објектот, нашол замотани стари чипки и сфатил дека станува збор за венчаницата“, изјавила Њувол, пренесува BBC.

Младата жена планира венчаницата повторно да ја исчисти, но сега кај експерти во Лондон.„Ќе ја пратам некаде каде што нема да исчезне“, рекла.

Извор: Макфакс

Прегледи:
7