Пронајдете ја вашата љубов според месецот во кој сте родени: Еве каков маж е создаден за вас!

На девојките родени во февруари им е потребен трпелив маж, а на оние во август некој кој не се плаши да биде искрен…

Јануари

Мажот создаден за вас кога-тогаш ќе се појави, а ќе го препознаете по силните амбиции и љубовта кон работата. Токму затоа што такви сте и вие. Знаете кои се вашите соништа и чекорите кон нивното остварување. Затоа ви е потребен некој кој ќе може да трча заедно со васи да ви биде поддршка. Само таквиот маж нема да се исплаши од вашата силна природа и желба за успех.

Февруари

Со обзир на тоа дека сте непредвидливи и полни со живот, потребен ви е трпелив, но истовремено и љубопитен маж. Некој кој ќе ве сака и кога сте расположени и кога сте тивки, замислени и ранливи.

Март

Заслужувате некој кој ќе ве третира онака како што доликува. Со обзир на тоа дека сте некој кој многу сочувствува со другите, искрени сте и паметни, таков мора да биде и вашиот совршен маж. Бидете трпеливи и ќе се појави оној кој ќе ве стави на прво место, кој ќе ги обожава вашите особини и нема да му падне на памет да ве искористи.

Април

Почекајте да се појави оној кој ќе се заљуби во вашата уникатност. Од неа многумина побегнале и многу се плашеле од фактот што не сакате да ги криете емоциите, но оној кој е вистински за вас ќе биде доволно самоуверен да остане.

Мај

Ви треба некој кој може да го прати вашето темпо. Како личност со исклучителен фокус, мотив и страст, не ви треба некој кој ќе ве сопира во тоа. Сосема е во ред секој од вас да води свој живот, но во исто време да сте тука еден за друг бодрејќи се да бидете што подобри и поуспешни.

Јуни

Потребен ви е некој кому нема да претставува проблем емотивно да се отвори и кој нема да се плаши да ја покаже својата ранливост. Секако, тоа не подразбира некому да бидете рамо за плачење или да му ги поправате сите оние работи кои ги погрешил во животот. Вам ви е потребен некој кој ќе ве сака и кого вие ќе сакате.

Јули 

Ви треба маж кој ќе обожава да биде она што е кога е со вас. Природата ви е таква, вие ги привлекувате сите околу себе, затоа заслужувате некој кој е доволно сигурен во себе и тоа нема да му пречи. Не ви треба некој кој ќе ви каже дека треба малку да се смирите за тој подобро да се чувствува во своја кожа.

Август

За вас е некој кој не се плаши да биде искрен, кој ќе ви го каже дури и она што не сакате да го слушнете. Вашата личност за многумина е пример и имате карактеристики на вистински водич, затоа ви е потребен доволно силен маж кој нема да ви дозволи да правите сѐ што ќе ви падне на памет, особено да газите преку него. Што не значи дека тој нема да се гордее со вас. Едноставно, ќе ве држи во рамнотежа.

Септември

Никогаш не сакате да престанете да учите нови работи и да стекнувате нови искуства. Затоа ви е потребен партнер кој нема да ве спречува во тоа. Но, и некој кому нема да биде тешко малку да се потруди да допре подлабоко до вашето срце.

Октомври

Имате толку многу љубов и добрина што луѓето честопати ја земаат здраво за готово. Затоа вашиот маж треба да ги има истите или слични карактеристики за да внесе во вашиот живот повеќе радост и љубов, а не болка и патење.

Ноември

Исклучително сте вредни и креативни, но понекогаш знаете да бидете тивки и повлечени. Затоа ви е потребен маж кој ќе ги сака сите ваши страни и кој секогаш ќе се труди да се чувствувате опуштено. Чекајте го оној кој ќе ве сака таква каква што сте.

Декември

Вам ви е потребен некој кој секогаш ќе биде подготвен на забава. Вие сте ведра личност и потребен ви е некој кој ќе ве поттикнува да се развивате, а не да ве кочи. Мажот кој е за вас ја обожава вашата смисла за хумор и блесава природа, но ќе биде и доволно сериозен кога е тоа потребно. Пред сѐ, за вас е некој кој може да ве насмее.




Коментари

коментари