Просечна личност неделно „јаде“ една кредитна картичка

Според извештајот од австралискиот универзитет „Њукасл“, една просечна личност внесува до 5 грама пластика неделно, колку што е тежината на една кредитна картичка.

Според резултатите кои опфаќаат 50 студии за човечкото внесување на пластика, секој човек конзумира околу 2000 микро парчиња или честички пластика секоја недела, односно 250 грама годишно.
Главен извор на пластика која се внесува во организмот е водата, посебно флашираната. Помеѓу другите производи кои биле анализирани, високо котираат и морските плодови, пивото и солта.
Тој податок претставува аларм бидејќи пластиката не ги загадува само нашите реки и океани, не го убива само морскиот свет- туку се наоѓа и во секој од нас.


Потенцијалното негативно влијание на пластиката врз човечкото здравје е светски проблем кој може да се реши само ако светот се насочи кон изворите на загадување.




Коментари

коментари