Проверете дали сте алфа дама

 Ако ви се допаѓа како звучи овој термин, тоа можеби е така бидејќи токму вие може да сте баш таква дама, паметна и мотивирана.

Алфа жената е доминантна, таа е силна и полна со самодоверба, напорно работи и нема многу слободно време.
Таа знае што сака и тоа се обидува да го постигне.

Денес ви нудиме неколку знаци кои укажуваат на тоа дека токму вие сте алфа дама:

1. Алфа дамата е полна со самодоверба

Секако дека има мани и понекогаш знае да биде несигурна, но таа ќе одбере да покаже самодоверба бидејќи знае која е и знае што сака. Никогаш не е гласна ниту нападна. Едноставно зрачи со сигурност и позитивност.

2. Алфа дамата е урамнотежена

Напорно работи но знае како да се забавува и опушти кога е време за тоа.

3. Алфа дамата не е подводлива

Има свои етички и морални граници и не се плаши да каже “не“. Не го губи времето на глупости. Таа зборува онака како што е и другите ја ценат нејзината искреност.

4. Алфа дамата прифаќа критика

Способна е да се соочи со вистината. Ја прифаќа секоја конструктивна критика и ја користи да научи нешто од неа.

5. Алфа дамата не се натпреварува со другите

Алфа дамата напорно работи, но не гази по никого. Сака да успее, но не на штета на другите.

6. Алфа дамата не е уплашена

Има доверба во својата интелигенција и своите можности. Одбива да биде уплашена од останатите, без разлика на тоа како изгледаат, колку постигнале и колку се успешни.

7. Алфа дамата е паметна

Знае кога е време да се повлече од друштвото на токсина личност, врска или ситуација. Кога интуицијата и кажува дека нешто не е во ред, си верува себе си доволно за да ја послуша.

8. Алфа дамата секогаш има добри намери

Никогаш не би искористила други луѓе за сопствена корист. Живее слободно и не очекува ништо за возврат.

9. Алфа дамата го контролира стресот

Го става проблемот во одредена перспектива. Ја анализира ситуацијата и се труди нештата да бидат едноставни кога бара решение. Не дозволува стресот да ја обземе.

10. Алфа дамата мотивира

Таа е личен навивач на своите пријатели и членови на семејството. Секогаш е тука да помогне и да ги бодри.

11. Алфа дамата прифаќа пораз

Посветена е на тоа што го сака. Желна е да ризикува за да ги оствари своите сонови и е свесна за фактот дека поразот е дел од животот. Го гледа како мотивација следниот пат да биде уште подобра.

12. Алфа дамата живее без жалење

Учи од секое свое искуство и смета дека тоа се животни лекции. Ги прифаќа патувањата и не дозволува минатото да ја потиснува. Секогаш гледа на нештата од нова перспектива, константно учи и расте и испробува нови нешта.




Коментари

[fbcomments]