Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ( 05 – 11 ФЕВРУАРИ, 2018)

Стрелец

Стрелец

Повеќе припадници на овој знак се во тотален хаос. Има повеќе решенија, но ниту едно не ви паѓа на памет. Морате да бидете одлучни во донесувањето одлуки. Имате потреба да поправите многу работи, но го правите сосема спротивното. Ситуацијата во љубовта ќе се поправи до крајот на неделата, а на работа сте во позиција да наметнувата свои барања.

Среќен ден: Петок

Јарец

Јарец

Луѓето со кои соработувате на работа, би можеле да ве изненадат со некој нов и неочекуван предлог. Во прв момент нема да знаете како да се поставите, но тие сами ќе ви дадат идеја што понатаму да направите. Само слушајте ги внимателно. Ќе дојде до делумно подобрување на вашиот приватен живот, но и понатаму постои можноста за провокации, па и конфликти кои нема да ви тргнат од рака. Затоа, не се залетувајте. Бидете трпеливи и негувајте го она што го имате.

Среќен ден: Петок

Водолија

Водолија

Очекувајте различни можности за соработка со странци и шанси за профитирање од нив. Ќе истражувате, ќе учите, ќе патувате, ќе го ширите вашиот живот. Многумина од вас ќе покажат интерес да ја проучуваат метафизиката, езотеријата или филозофијата.  Потребата за интимност кај вас ќе зајакне. Затоа многумина кои што веќе имаат партнер со задоволство ќе се повлечат во својот дом и таму тивко ќе уживаат во пар.

Среќен ден: Недела

Риби

Риби

Вашиот труд ќе биде препознатлив и вие ќе добиете на цена. Понекогаш ќе имате чувство дека премногу ве истакнуваат. Скромноста и некој вид срамежливост кои се ваша одлика ќе бидат за пример во овие кризни времиња. Ќе работите вредно и без премногу прашања. Веројатно ќе продолжат нејасностите во вашиот приватен живот. Најдобро ќе се чувствуваат тие што немаат никакви обврски.

Среќен ден: Петок

1 2 3

Прегледи:
746
Ознаки:
· ·
Објавено на:
04.02.2018