Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ( 11 – 17 ЈУНИ 2018)

Стрелец

Стрелец

Бидете трпеливи и не ја трошете енергијата залудно. Еден од најубавите периоди штотуку доаѓа, па фокусирајте се на тоа. Со прифаќањето на вашата моментална финансиска состојба ќе отидете чекор напред. Следете ја својата интуиција и така ќе ги решите сите проблеми. Кога ќе одите на некој деловен состанок, или кога ќе имате собир со пријатели, повторно ќе сретнете некоја личност што ви оставила добар впечаток првиот пат кога сте ја виделе.

Јарец

Јарец

Како  и секогаш, вашата мистериозност и саркастичност ќе го нервира вашиот партнер, па поради тоа можно е да дојде и до прекин на врската. Ве очекува повик од личност која го повредила вашето его во минатото, па неделава ќе имате можност да ги израмните сметктите. Посветете повеќе внимание на вашето семејство, во последен период поради вашите љубовни проблеми се одалечивте од сите.

Водолија

Водолија

Со својата харизма насекаде ќе плените и нема да можете да кренете глава од понуди од спротивниот пол. На работа ќе добиете понуда за некој проект, но пред да ја прифатите понудата размислете прво како би постапиле и дали тоа е вистински проект за вас. Бидејќи се ближи лето, можеби е вистинско време да почнете да внимавате на вашата исхрана. Партнерот посебно ќе биде изненаден од вашата досетливост во кревет.

Риби

Риби

Ќе бидете преоптеретени со тоа на што да се посветите повеќе, дали на работата или семејството. Ќе се соочите со финансиски проблеми, а тоа дополнително ќе ве разочара. Излезете со пријател и кажете му што ви се случува, можеби ќе најдете некакво решение. Среда е вашиот среќен ден неделава, па очекувајте да ви се случи нешто убаво. Влеговте во прекрасен период на љубов и љубовни остварувања. И конечно ќе ја имате можноста да ви се исполнат сите желби на тоа поле.

1 2 3

Прегледи:
824
Објавено на:
10.06.2018