Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (12 – 18 МАРТ, 2018)

Овен

Овен

На работното место ќе има сè повеќе случувања. Не само на тема работни задачи, туку ќе се активираат и случувања поврзани со меѓучовечките односи, условите на работа, услугите кои ги давате или добивате. Некои ќе бидат пренатрупани со работа. Полека влегувате во динамична фаза кога љубовните прилики ќе ве изненадат. Ако сте во врска може да дојде до взаемно заведување кое може да се претвори во фестивал на еротика.

Среќен ден: Среда

Бик

Бик

Во текот на оваа седмица ќе се смири вашиот приватен живот. Најпосле ќе можете да разговарате со другата страна поотворено иако и понатаму ќе го одмерувате секој збор. Подобрувањето ќе ве охрабри повеќе да излегувате, па оние што се сами ќе почнат да се додворуваат. Ќе пробувате разни опции на работење кои може да ви донесат заработувачка. Некои дури и ќе експериментираат. Оваа игра ќе ви донесе одредена радост, нема да ви биде досадно.

Среќен ден: Вторник

Близнаци

Близнаци

Многу убави љубовни прилики ќе се нижат во вашиот приватен живот така што понекогаш нема да знаете што да одберете. Насочете се кон она што го сакате, анализирајте ги своите очекувања, па ќе знаете правилно да постапите кон сè и секого. Оние што бараат работа може да бидат повикани на разговор кој ветува. Не е исклучено да ја добијат работаа. Оние што се веќе во работен однос ќе бидат склони кон покажување емоции на работното место, или во својата работа вистински ќе уживаат.

Среќен ден: Недела

Рак

Рак

Ако сте уште сами и барате љубов, веројатно ќе мечтаете. Ова се денови кога повеќето од вас ќе пребираат по некои стари љубовни чувства или ќе читаат меѓу редови гледајќи ја саканата личност. Нема да ви биде досадно, но нема да биде ни сензационално.Силата и уверливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да делувате на другите. Ако треба некого да придобиете многу е веројатно дека во тоа ќе успеете повеќе одошто сте очекувале.

Среќен ден: Понеделник

1 2 3

Прегледи:
791
Ознаки:
· ·
Објавено на:
11.03.2018