ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (24 СЕПТЕМВРИ – 30 СЕПТЕМВРИ)

Овен

Овен

И се препуштате на фантазијата кога станува збор за некоја нова работа со странци и верувате дека е можно да ги реализирате своите планови, особено со помош на еден Бик, Рак или Стрелец. Некоја Водолија инсистира нешто да направите според нејзиното мислење, но бидејќи таа ви е слабост, таа нема потреба долго да ве убедува, подготвени сте да и излезете во пресрет. Еден Јарец смета на вас и не го нервирајте за да не дојдете до непријатна ситуација кога станува збор за продолжување на соработката.

Среќен ден: Сабота

Бик

 

 

 

 

 

Бик

Неделата ќе ја поминете размислувајќи како да стекнете признание од околината. Ви недостасува самоконтрола затоа дистанцирајте се од сe. Амбициозни сте, а сепак нереално ги проценувате сите ситуации и можности. Бидете внимателни, можете да бидете жртва на неуспех. Насочете се само на една работа и на неа концентрирајте се. Ќе запознаете интересна личност која ќе ви ја разбуди желбата за зборување.

Среќен ден: Среда

Близнаци

 

 

 

 

 

Близнаци

Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно. Нема да можете да се сопрете ниту за минута и постојано ќе ви надоаѓаат креативни идеи за нови теми на разговор.

Среќен ден: Четврток

Рак

 

 

 

 

 

Рак

Во конфликтна ситуација сте, пред сe, со самите себеси. Свесни сте дека што и да направите ќе се каете, пред да донесете одлука добро размислете. Какво било решение е подобро од неизвесност. Исконтролирајте ги нервните напади. Разговор со личност која многу ја цените ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ве потсети да си придадете поголемо значење себеси.

Среќен ден: Понеделик

 




Коментари

[fbcomments]