Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ( 26 МАРТ – 01 АПРИЛ, 2018)

Овен

Овен

Професионалните планови кои упорно се обидувате да ги реализирате, не ги донесуваат очекуваните резултати и саканиот ефект. Моментално минувате низ различни фази на творечки подеми и падови, но тоа не треба дополнително да ве осуети. Доколку сакате опкружувањето да го убедите дека поседувате практично знаење и интелектуални способности, бидете доволно истрајни во своите цели. Во приватниот живот се однесувате сомнително и пронаоѓате различни замерки на својот партнер.

Среќен ден: Вторник

Бик

Бик

Потрудете се правилно да ги исполните своите обврски, без психолошки притисок и натпреварувачки аспирации. Порано или подоцна, завршните резултати преставуваат основно мерило на вредноста. Најубави случувања ве очекуваат во љубовниот живот или во средбата со една драга личност. Секогаш кога се возбудуваат вашите страсти и чувства, тоа претставува позитивен „сигнал“ кој води кон љубовна романса.

Среќен ден: Сабота

Близнаци

Близнаци

Не се однесувајте импулсивно, стрпливо почекајте на површина да испливаат вистинските вредности. Во односот со саканата личност, упорно заговарате ситуација која одговара на вашето основно расположение или афинитети. Меѓутоа, партнерот одговара резервирано и останува на своите ставови. Не можете да добиете се што очекувате, направете нов емотивен баланс како би ги надминале заедничките сомнежи и дилеми.

Среќен ден: Понеделник

Рак

Рак

Нови случувања на работната сцена внесуваат дополнителна тензија во вашето опкружување, но вие не сакате да учествувате во јавни расправи. Мудро спроведувајте ги вашите работни планови и вешто балансирајте помеѓу соработниците кои имаат поинакви работни критериуми и ставови. Сочувајте го позитивното расположение, нема причина некој од страна да ја расипува вашата љубовна среќа или семеен мир.

Среќен ден: Недела

 

1 2 3

Прегледи:
738
Објавено на:
25.03.2018