Категории

Прстен заблеска на нејзината рака – Роналдо ја запроси Георгина? (ФОТО)

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез од трибините заедно го проследија фудбалскиот натпревар помеѓу Спортинг и Тондела кој се одржа во Лисабон, Португалија.

На папараци фотографиите, може да се забележи блескав дијамантски прстен на раката на бремената девојка на славниот фудбалер, што поттикна гласини дека тој ѝ предложил брак.

23-годишниот модел го носи четвртото дете на успешниот Португалец. Роналдо пред неколку месеци доби близнаци благодарениe на сурогат-мајка, а има и седумгодишен син од девојка чиј идентитет никогаш не беше откриен.

Прегледи:
213
Објавено на:
20.09.2017