Категории

Прв детски ЗОО маратон во Зоолошка Градина Скопје

По повод, 9-ти Мај, Денот на Европа во Скопје ЗОО за првпат ќе се одржи Детски ЗОО Маратон, кој се надеваме дека во иднина ќе прерасне во традиција. Маратонот е организиран во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Атлетска федерација на Македонија, како и Град Скопје.

Во ботаничката градина ќе се одржат четири трки- две на 150 метри ( машка и женска категорија, 7-8 години) и две на 100 метри ( машка и женска категорија, 5-6 години). За сите дечиња се обезбедни подароци, а првите три места од секоја категорија ќе добијат посебни награди и медали.

Пријавувањето ќе започне од четврток (25-ти април). Податоците за учесникот- име и презиме и датум на раѓање се испраќаат на мејлот: [email protected] до 5-ти мај, а бидејќи бројот на учесници е ограничен, дел од трката ќе бидат оние кои ќе се пријават први до пополнување на бројката во секоја категорија.