Категории

Прв сингл на MVRTK за 2022 година

Македонскиот музички продуцент MVRTK повторно се враќа со ново издание, овој пат во соработка со кинескиот продуцент AndyBear и вокалистот Luke Coulson, под наслов Out Of Sight. Песната е издадена под германската музичка издавачка куќа SWUTCH Music.

Минатата година беше исполнета со успеси за MVRTK, кој издаде две песни, со наслов What You Need и Feels Good. Двете песни беа дел од голем број на топ листи низ светот, додека Feels Good беше поддржана и од популарното диџејско дуо Dimitri Vegas & Like Mike, едни од најдобрите диџеи на светот според рангирањето на DJMag, најпознатиот магазин за електронска музика.

На почетокот на минатата година MVRTK исто така победи на ремикс комептицијата на песната Paradise од Luis Torres, издадена на музичката издавачка куќа Musical Freedom, од познатиот диџеј и продуцент Tiesto. Тој има добиено и поддршка од многу други ѕвезди во електронската музичка индустрија вклучувајќи ги и R3HAB и Ferry Corsten.

Слушнете го најновото издание на MVRTK подолу: https://open.spotify.com/album/7FG5pyEw5umnSm3vJq5tHu?si=Fu-EZqEbTt656qGoSC1fPw

Прегледи:
187
Објавено на:
28.01.2022