Првата дама на Франција во стилизиран краток фустан кој и ласка на женската фигура! (ФОТО)

Француската прва дама Брижит Макрон и нејзиниот сопруг, Емануел Макрон ги угостиле романскиот претседател Клаус Јоханис и неговата сопруга Кармен Јоханис. За таа средба Брижит одбрала краток фустан со ретро дизајн скроен да и ласка на женската фигура и да ги прикрива евентуалните недостатоци во пределот на стомакот.

Синиот фустан малку над колената со ингтересен раб и украсен со црни детали во облик на џебови се покажал како вистински избор за првата дама на Франција. Фустанот од цврст топол материјал налик твид Брижит го искомбинирала со класични сини кожни салонки.




Коментари

коментари