Бела Хадид официјално ја лансира својата прва дизајнерска колекција во соработка со брендот од Лос Анџелес – Chrome Hearts.
Колекцијата се состои од плисирани мини здолништа со висок струк, џемпери на откопчување со рабови од уметничко крзно, провокативни кожни парчиња со везови наместо шлицови, тренерки, капут со кожни детали за кои самата Бела признава дека и е омилен парче. Исто така во колекцијата се наоѓаат чокери, кратки маици и многу други парчиња. Голем дел од колекцијата е инспирирана од ’90-тите, а манекенката призна како се надева дека ова е само прва колекција во низаната бројни успешни модни соработки во иднина.