Првата хуманитарна акција на Ways2help – поддршка и обединување на хуманитарните организации

Изминатата недела тимот на Ways2help ja организираше својата прва хуманитарна акција: Донирај Конзервирана храна за сиромашни семејства – како поддршка за нивните соработници “Вистински Дела на Љубезност” кои последниве години активно работат со цел да обезбедат помош за социјално загрозени семејства, бездомниците и останатите маргинализирани групи.

Нивната акција започна на 06.07 понеделник во 18:00ч и траеше до крајот на работната недела 10.07 петок до 20:00ч со тоа што донаторите имаа можност да ја остават конзервираната храна на Бродот на Среќата.

“Сметавме дека не постои по соодветно место за одржување на нашата акција, со тоа што не би ги ограничиле донаторите временски, а впрочем и самото име кажува тука сме за да бидеме мал дел од нечија среќа “– изјави тимот на ways2help

Како тим кој верува дека сплотеноста и обединувањето на помошта можат да направат поголема промена докажаа дека навистина може да се постигне повеќе кога помошта доаѓа од срце.

 Па така за време на акцијата не само што обезбедија задоволително количество на конзервирана храна како што е: грашок, пченка, леќа, грав, сардини, туна, паштети, месен нарезок, гулаш и овошје исто така имаа и значително голем број на донации од тестенини, хемиски производи, додатоци за храна како што се кечап, мајонез, шеќер, сол и дополнителни парични донации како и донации на облека.

“Она што ни остави најголем впечаток е колку беа подготвени да помогнат сите кои беа дел од нашата акција. Тоа е само доказ дека навистина сме хумана нација која има капацитет да направи повеќе, но таа помош треба да ја насочиме кон вистинските органзации и семејствата  на кои им е потребна.” – беа зборовите на еден од членовите на тимот

Ways2help планираат уште многу нови хуманитарни акции во иднина, во соработка со нивните соработници и се неизмерно благодарни за поддршката која ја добија од сите кои решија да наминат на нивната акција и да допринесат во нивната мисија. Во меѓувреме тие активно работат на развојот на нивната платформа и обединување на сите хуманитарни организации во нашата држава.

Доколку сакате да ги следите нивните најнови огласи за донации следете ги на социјалните медиуми Facebook и Instagram, а доколку сакате да се вклучите како волонтер бидете дел од нивната ways2help заедница на Facebook.




Коментари

[fbcomments]