Категории

Првата испечатена книга во историјата – Гутенберговата Библија денес вреди 35 милиони долари

Гутенберговата Библија, позната и како Библија во 42 реда, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстара машински испечатена книга на светот, чиј први примероци како што веруваат поединци, се испечатени во 1454-1455 година. Други сепак сметаат дека прв пат е испечатена во 1452 година.

Ова е првата книга некогаш испечатена со печатарска машина на запад и симболизира почеток на печатењето и миг на револуционерна промена во историјата на комуникацијата.

Ја испечатил Јохан Гутенберг во Мајнц, Германија а воедно се смета и за најстарата книга која била испечатена со помош на техника на подвижни букви, сепак постојат примероци кои наведуваат дека во Кина се печателе книги на овој начин неколку векови порано, како што е случај со Дијамантската сутра.

Историчарите веруваат дека биле испечатени 180 примероци на Гутенберговата Библија, а денес се знае дека постојат 49 оригинални примероци, од кои 21 е комплетен.

Ниеден примерок не е продаден години наназад. Стручњаците веруваат дека би достигнал цигра од 35 милиони долари.

Прегледи:
1489
Објавено на:
16.10.2020