Првата женска екипа на астронаутки ќе патува во вселената на 21. октомври!

НАСА соопшти дека две жени кои се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица во октомври за прв пат заедно ќе патуваат во вселената. Астронаутките Кристина Коук и Џесика Меир на 21. октомври заедно ќе одат во вселената за да постават нови батерии на станицата. Тоа ќе биде првата женска екипа на космонаути во вселената.

Кристина Коук која е инженер во НАСА во недела ќе патува во вселената поради поставувањето на батерии, но со колега. Астронаутката требаше во март да патува со колешката во вселената, но НАСА се откажа од тој план, бидејќи немало доволно време да се подготват оделата за во вселената со средна големина.

Заменичката на шефот на службата на астронаутите на НАСА, астронаутката Меган Мекартур изјавила дека патувањето на женската екипа ќе биде важна етапа која заслужува да се прослави.

 




Коментари

коментари