Категории

ПРВИОТ ТРЕЈЛЕР ЗА DUNE Е ТУКА – Тимоти Шаламеј во главна улога изгледа спектакуларно

Еден од најдолгоочекуваните филмови за оваа година во кој главната улога ја има Тимоти Шаламеј – Dune, конечно го претстави првиот трејлер.

Стигна првиот трејлер за наисчекуваниот филм ‘Dune’ во кој главната улога ја има Тимоти Шаламеј.
3-те минути во кои е прикажан филмот се доволни за да направат уште понестрпливо да ја исчекуваме неговата проекција.

Освен Шаламеј во главната улога кој е моментално најпопуларното име во Холивуд, филмот го режира Денис Виленув по истоимениот роман на Франк Херберт – еден од најважните sci-fi класици воопшто.
Во придружба на Тимоти Шаламеј доаѓаат Зендаја, Џејсон Момоа, Ребека Фергусон, Стелан Скарсгард, Оскар Исак, Џош Бролинг, Дејв Батист и Хавиер Бардем.
Скромно би било да се каже дека актерската постава е импресивна.

‘Dune’ би требало да биде првиот од двата филма кои ќе се базираат на класиката на Херберт. Овој филм треба да го покрива првиот дел од романот.