Категории

Првите фотографии од интимната венчавка во Париз на Зое Кравиц и Карл Глусман

Еве како изгледаше кул венчавката на славниот актерски пар

Зое Кравиц и Карл Глусман се запознаа пред три години, а се венчаа во Париз во Јуни минатата година, во интимна церемонија на која присуствуваа најблиските на познатиот пар меѓу кои и бројни познати музички и холивудски ѕвезди.
Церемонијата беше одржана во домот на таткото на Зое, пеачот Лени Кравиц. На прославата исто така присуствуваше и нејзината мајка, Лајза Бонет и нејзиниот сопруг Џејсон Момоа. Помеѓу гостите беа и Алиша Кис, Риси Витерспун, Никол Кидман, Шејлин Вудли и бројни други.

Зое ги сподели фотографиите од венчавката на својот Инстаграм профил како присетување на најубавите моменти од изминатата година. Познатата актерка го кажа судбоносното „Да“ во венчаница со потписот на Alexander Wang.

 

Прегледи:
359
Објавено на:
26.01.2020