Првите слики од бебето на Винсент Касел и Тина Кунаки: Познатиот актер со своето семејство на прошетка!

Винсент Касел (53) на 76. филмски фестивал во Венеција се појави рака под рака со својата 30 години помлада сопруга Тина Кунаки (22), а големо внимание привлече средбата на црвениот тепих со поранешната жена Моника Белучи.

Славниот француски актер по гламурозната свеченост е фотографиран во опуштена прошетка со избраницата на своето срце и нивното четиримесечно бебе.

Кога излегле среќните родители од хотелот со своето дете, папараците го искористиле секој момент да ја забележат оваа семејна прошетка.

Парот и даде необично име на својата наследничка – Амазони, во чест на Бразил во кој често престојуваат. Имено, Тина и Винсент се запознаа 2016. година на Ибица, а судбоносното ДА го изговорија во август 2018. година во Франција.




Коментари

[fbcomments]