Прво нешто што секоја паметна жена го прави кога ќе си дојде од работа

Ни чистење, ни готвење! – Не грижете се, куќните обврски нема никаде да побегнат

Животот на поголемиот дел од луѓето денес е забрзан, полн со обврски, трчање, желба се да се постигне што е можно побрзо и притоа да се биде успешен
Се почнува од гласниот аларм рано наутро, преку работа, па до домашните и други обврски. А кога ќе се одмараме и во тишина ќе размислуваме за малите или големи успеси?
Кај жените тој проблем се чини како многу поголем, ако и не и повеќекратко поголем – жените во главно се тие кои се грижат за домот, децата, и притоа ги чека и работата. Како овој проблем конечно да се реши и да бидеме опуштени?

Прво нешто кога ќе се вратите од работа е важно да си посветите малку време на себеси, во мир и спокој. Со топл кафе во раката во тивка просторија без вклчени уреди. Затворете ги очите и полека испијте го вашето кафе. Почувствувајте како вашето тело полека се ослободува од сите непотребни мисли кои ве преоптоваруваат во текот на денот. Останете смирени и сконцентрирајте се на сопствените чувства. Присетете се на сите убави работи кои сте ги доживеале во последната година, месец, недела, ден. Може да се големи или мали, незначајни но направиле да се насмевнете и да почувствувате пријатно чувство.

Паметните жени го практикуваат тоа секој ден пред да започнат со своите секојдневни вообичаени обрврски, затоа што знаат дека времето издвоено за себеси и за менталното здравје е најважно за да можат да функционираат во остатокот од денот. Не заборавајте да издвојувате време кое ќе биде само ваше и ќе ви помогне да се ресетирате од напорниот ден поминат на работното место, го заслужувате тоа!




Коментари

коментари