Чек дис аут
Search


Прво појавување на Кралицата Елизабета на модната недела во Лондон, а до неа седеше кралицата на модниот свет Ана Винтур

Кралицата за прв пат во историјата се појави на модната недела во Лондон, а честа да седат до неа во првиот ред ја имаа кралицата на модниот свет, уредничката на американскиот Вог, Ана Винтур и Каролин Раш, извршениот директор на BFC Британскиот моден совет.

Главниата уредничка на Вог е позната како ледена кралица, а се смета дека е инспирацијата за ликот кој го играше Мерил Стрип во „Ѓаволот носи Прада“, а сега видно нервозна и возбудена седеше покрај Кралицата, на ревијата на Richard Quinn.

Двете моќни дами кои седеа до Кралицата беа видно нервозни, сосема очекувано, но Кралицата со насмевка на лице ги опушти па остатокот од вечерта нервозата беше намалена.

Иако беше во првиот ред, само таа седеше на различно столче. Кралицата си го донесе својот Philippe Starck Perspex проѕирен стол, вреден околу 200 фунти, и плишано пернче.

Поводот заради кој Кралицата беше на ова модно шоу е доделување на награда. Имено, нова традиција се воспоставува во Британија, ќе се доделува награда која ќе го носи името на кралицата Queen Elizabeth II Award како признание за придонесот во модната индустрија. Односно секоја година наградната ќе биде доделувана од член на кралското семејство на нови британски моден дизајнери со исклучителен талент и оригиналност.

 

 

 




Коментари

коментари