„Прво правило е никогаш да не се откажеш. Второто е секогаш да се сеќаваш на првото“ Ал Пачино

Алфредо Џејмс Пачино е американски актер, режисер и сценарист. Најпознат е по своите гангстерски улоги за кои има добиено бројни награди меѓу кои и Оскар.

Ова се неговите познати цитати:

„Лесно е да го излажеш окото, но најтешко е да го излажеш срцето.“

„Никогаш никому не се правдај ниту се објаснувај. Секој ќе сфати онака како што нему му одговара!“

„Верноста и добриот глас не можат да се купат ни за сите пари на овој свет.“

„Лузните кои ги оставаат блиските луѓе, не може да ги излечи никој. Знаеле што правеле.“

„Како дете, го молев Бога за велосипед. Потоа сфатив дека Бог функционира поинаку. Украдов велосипед и почнав да го молам Бога да ми прости за гревот.“

„Прво правило: никогаш не се откажувај. Второ правило: Секогаш сеќавај се на првото правило!“

„Колку е човекот постар и помудар сѐ помалку има желба да се расправа за неважни работи. Едноставно има желба да стане, да посака сѐ најдобро и да си отиде.“

„Во животот се глуми, во уметноста се бара вистина.“

„Не брзајте да зборувате за себе во друштво, разговор за вас следи дури кога ќе станете од масата.“

„Гордоста и невоспитаноста се слуги на ѓаволот. Ако не можете да ги контролирате, ќе почнат да ве контролираат.“

„Јас секогаш ја зборувам вистината. Дури и кога лажам.“




Коментари

[fbcomments]