Категории

Првото бебе родено во 2022 година е машко!

Во 00.01 часот се роди првото бебе на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Бебето е машки пол, се роди со тешина од 3 килограми и 70 грама и должина 50 центиметри.

Мајката на бебето се вика Сузана Стошиќ, а ова е нејзино петто дете, информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Прегледи:
761
Објавено на:
01.01.2022