Категории

Психолошки профил на хороскопските знаци: Раковите се растроени манијаци, Шкорпиите се психопати!

Статистиките на американскиот ФБИ покажале дека криминалците најчесто се Ракови во хороскоп, најголемите преваранти се родени во знакот на Стрелец, а Јарците се сестрани криминалци склони кон финансиски криминал.

Овен

Според ФБИ статистиката, припадниците на овој огнен знак поседуваат најмногу оружје. Ако се занимаваат со криминални дејствија, најверојатно тоа го прават по договор – односно други ги плаќаат за тоа, без разлика дали се каматари, уценувачи или платени убијци.

Бик

По учеството во злочини, Биковите се втор знак со најмногу криминална склоност. Обично се вплетени во работи од кои можат материјално да профитираат, без разлика дали станува збор перење пари или кражба на луксузни предмети.

Најчесто работат сами за да го намалат ризикот да бидат фатени, а со добивките не се фалат.

Близнаци

Припадниците на овој знак се ѓаволести во секојдневниот живот, но по статистиката на ФБИ се наоѓаат на самото дно по бројот на извршени криминали. Ако се занимаваат со криминал најчесто станува збор за разни „комбинации“ и проневери, тие не се од луѓето кои одат со пиштол и им се закануваат на луѓето, туку нивното оружје се лажните ветувања.

Рак

Според ФБИ, најголемиот дел од криминалците се родени токму во овој знак. Склони се кон насилни дела во моментите на комплетно психичко растројство, а најчесто убиваат од страст или освета, како и киднапирање.

Бидејќи е тешко да го контролираат темпераментот, Раковите се први кои ќе го убијат својот шеф поради отказ. Кога ќе ги фатат, делуваат изгубено иако и понатаму сметаат дека нивната жртва го заслужила тоа.

Лав

Помеѓу припадниците на огнените знаци, Лавовите се најмалку склони кон криминални дела. Сепак, доколку се вклучени во криминал, тоа ќе биде разработено, логично и со предумисла.

Поради тоа, тие се многу опасни и ладнокрвни. Тие нема да се впуштат во ситни прекршоци, како кражба. Ако ја ризикуваат својата слобода тоа го прават поради голема добивка или слава.

Девица

По Овните, припадниците на овој знак се втори по учеството во носење или поседување оружје. Најсклони се кон финансиски проневери.
Исто така, можат да бидат и хакери а големи се шансите откако ќе ги фатат бргу да признаат.

Вага

Во споредба со другите воздушни знаци, Вагите во своите редови имаат најмногу криминалци. Вклучени се во работи со непотизам, корупција, а специјалност им се грабежите кои носат голема сума.

Многу се промислени и лесно ракуваат со своите соработници – луѓето на кои им даваат мито или пак го примаат од нив. Имаат врски речиси насекаде, а дури и ако ги откријат многу често се извлекуваат.

Шкорпија

Покрај тоа што се на лош глас поради својот темперамент, тие се деветти на ФБИ листата најчести криминалци. Сепак, доколку се погледне пресекот од сериски убиства и психопати – помеѓу нив има најмногу Шкорпии.
Тие во криминалните дела влегуваат без милост, што ги прави идеални платени убијци, а на злочин најчесто ги наведува љубомора или повредена суета.

Стрелец

Добро се котираат на скалилото на фатени криминалци – а трети во најбројните злочини. Најчесто се занимаваат со разни проневери, но учествуваат и во кражби бидејќи се вешти лопови.

Јарец

Припадниците на овој знак се мноу снаодливи и сестрани криминалци. Како и останатите подрачја во животот, Јарците се многу амбицозни, па во криминалните дела целат високо.
Најсклони се кон финансискиот криминал, а највеќе фатени криминалци во организираниот криминал се во знакот на Јарец. Добро ги прикриваат своите траги и за валканите работи користат туѓи услуги, а ако ги откријат – бегаат од законот.

Водолија

Тие не се некои големи криминалци, а според ФБИ статистиката се наоѓаат на 11. место по бројот на фатени криминалци. Сепак се занимаваат со криминална работа, а најголеми се шансите да станат хакери. На злочин најчесто ги поттикнува желбата за освета.

Риби

Припадниците на овој знак најчесто се поврзуваат со злочини поврзани со дилерство, одгледување или шверц на дрога. Може да шверцуваат и животни, луѓе или цигари, а нивните злочини се секогаш по малку бизарни – па и смешни.

На списокот на криминалци се ноаѓаат на осмото место, а завршуваат и во затвор, а таму дополнително се поврзуваат со ситни но и големи криминалци.