Категории

Психолозите ни открија зошто влегуваме во профилот на поранешната љубов

Ова на сите ни се случило, а сега ја знаеме вистинската причина.

Бесцелно скролате на Инстаграм и „случајно“ влегувате во профилот на вашиот поранешен и ете – за 10 минути сте на неговите фотографии од 2014 година и спомени од забавите каде сте биле заедно.

Прашањето кое не мачи, после таа мала виртуелна средба е – зошто?

Имено, според психологот Сузан Краус Витбурн, ова е многу честа појава и не значи дека нешто не е во ред со нас. Сепак, со своето истражување, таа дошла до заклучок дека најчесто завршуваме на Инстаграм профилот на поранешниот, поради друга социјална мрежа – Фејсбук.

Сузан посочува дека спомените кои се појавуваат на Фејсбук многу брзо не потсетуваат на моментите што сме ги поминале со својата поранешна љубов. Не мора да биде споделена фотографија, доволно е прикажаната меморија да има само еден носталгичен детал што ќе ве поттикне да пребарувате.

Иако истакнува дека ова е нормално, Сузан забележува дека треба барем да се обидете да му одолеете на искушението затоа што постојано гледањето на профилот на вашата поранешна љубов може многу емотивно да ве вознемири.

Прегледи:
352
Објавено на:
30.11.2019