Психолозите се против тоа да останете пријатели со поранешниот партнер, еве зошто

Постои причина зошто сте раскинале и таа е сосем доволна да не останете пријатели после раскинувањето.

После прекинувањето на врката, многумина одлучуваат да останат пријатели со своите поранешни партнери. Тие сметаат дека доколку личноста не успеала во улогата на нивен партнер, сигурно ќе успее во улогата на пријател – и тоа е сосем погрешно.
Психолозите и стручњаците за врски советуваат дека тоа може само да ја влоши состојбата помеѓу поранешните партнери. Во поголемиот дел од случаието многу е подобро да заборавите и да му се препуштите на новите можности, исфрлајќи го поранешниот партнер комплетно од вашиот живот.

Доколку останете во близок однос со особата во која сте биле заљубени, тоа создава одреден притисок кој воопшто не е здрав. На пример може да ве обесхрабрува од идеата повторно да излегувате и да се дружите со нови личности затоа што бившиот партнер постојано ќе е во вашите мисли.
Споредбата на потенцијалните партнери со бившиот потсвесно ќе прави да им пронаоѓате грешки кои се слични на оние кои ги имал тој. Исто така може да доведе до страв од заљубување во нова личност.
Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат многумина е немоќта да се преболи поранешниот партнер, а доколку останете во близок контакт со него тоа никако нема да може да стане реалност. Спомените постојано ќе се враќаат и ќе размислувате за тоа повторно да и се вратите на старата врска.

Можеби ќе мислите дека нештата помеѓу вас ќе станат подобри во текот на пријателството но морате да сфатите дека доколку сакате да продолжите понатаму и да влезете во нова врска, прво морате да се ослободите од теретот на старата а тоа вклучува комплетно да се ослободите од таа личност оставајќи ја во минатотото и продолжувајќи напред без неа.




Коментари

коментари