Категории

Психолозите тврдат дека оваа БОЈА привлекува среќа во бизнисот и љубовта

Ако често ја избирате вашата гардероба во сина боја, треба да знаете дека има многу моќна енергија. Се верува дека изборот на сина боја може да привлече среќа во различни области од животот, а пред се во бизнисот и љубовта.

Сината облека, сините ѕидови или сликите на ѕидовите исто така ги зголемуваат интелектуалните способности на личноста која ја сака оваа боја. Според психолозите, сината боја не поттикнува да се фокусираме на нешто важно, пренесуваат медиумите. Сината ја подобрува концентрацијата, како и меморијата, поради што оние кои се занимаваат со интелектуални и креативни активности се опкружени со оваа боја.

Кога ја гледаме сината боја, почнуваме полесно да донесуваме одлуки и да се ослободуваме од непотребните мисли. Таков антистрес ефект може да се постигне со гледање во небото и морето, поради што не е ни чудо кога луѓето велат дека водата ги смирува. Сината боја симболизира и одговорност, па облеката во оваа боја ја избираат луѓе кои се лидери на висока позиција. Под влијание на оваа боја, луѓето наводно стануваат пољубезни и срдечни.

Покрај позитивното, сината боја има и негативни ефекти. Имено, се смета дека ја намалува физичката активност бидејќи е фокусирана на умот. Тоа може да не направи поспани и ранливи. Исто така, симболизира одмор и сон, па според некои верувања не се препорачува да се бира облека во оваа боја при долго возење.

Прегледи:
586
Објавено на:
25.10.2021