Пуканки на сто начини: Најдобрите грицки за вечери поминати покрај телевизор

Последните месец дена викендите ги поминуваме во домашна атмосфера со филмови и серии, а се знае кои грицки најдобро одат со филмските вечери – на сите нас омилените ПУКАНКИ.

Пуканките се приготвуваат брзо и едноставно, вкусни се а и здрави. Содржат протеини, минерали и витамини, состојки кои се доста важен дел од исхраната иако многумина мислат спротивно.
Ви донесуваме неколку одлични рецепти како да подготвите солени и слатки пуканки, не плашете се да експериментирате, бидете сигурни дека ќе ги обожавате.

СОЛЕНО-ЛУТИ ПУКАНКИ
Сите љубители на солените пуканки, но и чили вкусот ќе бидат воодушевени од овој рецепт.
Ставете ги пченкарните зрна во голем лонец во кој претходно сте загреале масло. Повремено тресете го лонецот на огнот за да испукаат сите зрна.
Веќе испечените пуканки зачинете ги со куркума и чили – во зависност од вкусот. Промешајте ги добро за секоја пуканка да прими доволно доза лутина. Не заборавајте да ги посолите пред самиот почеток.

СОЛЕНИ ПУКАНКИ СО ПОИНАКОВ ВКУС
Испукајте ги пуканките на веќе вообичаениот начин, но немојте веднаш да ги посолувате. Пред да почнете со печењето подгответе ја оваа мешавина.

Потребно ви е:
-1 лажица сол
-1/4 ситно сецкана сланина
-1/4 рендан пармезан

Сите состојки ставете ги во блендер, откако смесата ќе биде подготвена полијте ги готовите пуканки.

ЗЕБРА КАРАМЕЛИЗИРАНИ ПУКАНКИ
Ако баш сакате слатко и ја обожавате карамелата, овие пуканки се баш за вас.

Потребно ви е:
-4 лажици путер
-10 раце пченкарни зрна
-1/2 рака кафеав шеќер
-морска сол
-1 рака рендана темна чоколадо или чоколадо во прав
-1 рака рендано бело чоколадо

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во посебен сад ставете го путерот, шеќерот и 2 лажици вода да се готви и повремено мешајте. Растопената смеса измешајте ја со зрната пченка и распоредете ја по хартија за печење на плех. Посолете и ставете ги во рерната.
Повремено проверувајте ја состојбата во рерната и печете ги се додека не добијат златна боја, отприлика 40 минути. Извадете ги и ставете ги настрана да се ладат. За тоа време растопете ја чоколадата, белата и црната чоколада одвоено. Наизменично прелијте ги испечените пуканки. Оставете да изладат и чоколадата да се стврдни.

MARSHMALLOW ПУКАНКИ
Вистинските американски пуканки не се солети – тие се Marshmallow пуканки, со вкус на оригиналниот американски десерт.

Потребно ви е:
-20 marshmallow колачи
-1/2 лажица кафеав шеќер
-1/4 путер
-1 вреќичка пченкарни зрна

Припремете ги испечените непосолени пуканки во голем сад. Сите останати состојки помешајте ги и растопете ги на оган мешајќи. Прелијте ги пуканките и причекајте да изладат.




Коментари

[fbcomments]