Категории

Пуштен најдолгиот пешаки мост на светот – Само најхрабрите можат да погледат надолу

(ВИДЕО) Најдолгиот висечки пешачки мост во светот е отворен денес во близина на градот Аруч на северот на Португалија. Властите и жителите на Арука се надеваат дека оваа единствена атракција, чија изградба чинеше околу 2,3 милиони евра и траеше околу две години, ќе помогне во заживување на регионот, особено по разорната пандемија „ковида-19“.

Мостот се наоѓа на околу шеесет километри од Порто, и е долг 516 метри, и минува преку кањонот на реката Паива во рамките на националниот парк заштитен од УНЕСКО. Мостот е изграден 175 метри над земјата и е широк 1,2 метри.

Ова е најдолгиот висечки мост направен од челични кабли и метални решетки, а поставен е помеѓу два огромни бетонски столба и од денес е отворен само за локалното население, додека од понеделник секој може да резервира посета.

 

Прегледи:
49
Објавено на:
03.05.2021