Категории

Работел за Samsung, Coca-cola, KFC, American Express, а сега е во Скопје да го пренесе неговото маркетинг искуство

Дамиан Дамјановски е маркетинг консултант со големо интернационално искуство, кој има работено со стартапи и големи корпорации на полето на технологија, комуникации и иновации како Samsung, Coca-cola, KFC, American Express.

Има македонско потекло но голем дел од животот го има поминато во Австралија, каде веќе живее. Работи на креирање на стратегии и помогнал да се создаде наградувана работа за некои од најголемите брендови во Австралија во повеќе индустрии и сектори, вклучувајќи ја кампањата “Share a Coke” за Кока Кола. Пред да влезе во светот на адвертајзингот, има работено во финансии како Technology Evangelist помагајќи им на корпорации да ги оживеат иновациите кои ќе им го променат бизнисот.

Дамиан овие денови ќе го најдете како привремен инструктор во Brainster, кој веќе беше предавач на Академијата за Маркетинг и одржа успешен Startup Bootcamp. Пред да замине за Австралија ќе одржи уште еден курс – Маркетинг 360.

 

Зошто Маркетинг 360 со Дамиан?

Овој курс е креиран за индивидуалци и професионалци кои сакаат да се стекнат со подлабоко разбирање со сѐ што маркетингот во суштина значи. Дамиан ќе го сподели своето искуство од работење со големи интернационални брендови како Coca-cola, Samsung и KFC.

Креиран е за оние кои имаат потреба од нови стратегии и иновации во поглед на дигиталниот маркетинг. Без разлика дали сте сениор маркетер и ви е потребно освежување, сопственик на стартап или бизнис, или пак сте нова сила во маркетинг светот.
Курсот започнува на 5ти Декември и на овие работилници ќе се учи преку работа на реални проекти. Ќе добиете совети и стратегии за како да  се развие еден бренд и маркетинг стратегија, кои канали ви се на располагање и како да ги искористите. Ќе научите како да ги следите и анализирате сите маркетинг активности и како да носиш одлуки врз база на податоци.

 

Прегледи:
418
Објавено на:
03.12.2017