Категории

Работилница: „Генерирање на идеи и бизнис модели“

Сеавус Едукативен и Развоен Центар (СЕДЦ) и Сеавус Инкубатор, во соработка со Млади Инфо, на 16. март (четврток), во 16:40 часот, во СЕДЦ Бизнис Симулаторот, ќе организираат еднодневна работилница на тема: Генерирање на идеи и бизнис модели.

Работилницата е специјално дизајнирана и наменета за сите заинтересирани претприемачи и стартапи кои се занимаваат со социјално претприемништво.

Целта на оваа работилница е да се поттикне претприемачкиот дух на учесниците во насока на отварање социјални бизниси кои решааваат општествени проблем. Овие бизниси кои денес сочинуваат помалку од 5% и во најразвиените земји во светот, се иднината на т.н нови бизниси. Покрај запознавањето со оваа проблематика, на учесниците ќе им се помогне преку практична работилница да развијат идеја и бизнис модел со кои ќе можат да аплицираат за Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award Македонија 2017.

Social Impact Award Македонија, е присутна во 18 земји од светот, поддржана од Фондацијата ЕРСТЕ и Импакт Хаб Виена, а по третпат, Млади инфо ја организираат во Македонија.

Повеќе информации на:

Крсто Златков

[email protected] | 078 499 462.

Прегледи:
627
Објавено на:
14.03.2017