Рај на земјата: Ова е селото во кое е роден Леонардо да Винчи! (ФОТО)

Пеперутките ги разигруваат старите маслинови дрвја во Винчи, тосканското село во кое е роден Леонардо да Винчи. Ренесансниот мајстор токму тука како дете почнал да го гради својот талент.

И додека селаните се подготвуваат за одбележувањето на 500. годишница од смртта на Леонардо, од пејзажите на селото кои се појавуваат во неговите слики многу малку е променето и денес. Авторот на Мона Лиза и Тајната вечера меѓу другото црпел инспирација и од своето скромно селско растење.

 

Скриениот потпис

Туристите кои го посетуваат Винчи имаат можност да шетаат по стазите на кои чекорел Леонардо пред пет века и да гледаат во истите виногради и природата со која изобува ова село. Селото го добило името по вид на бреза “vinchio”, чии меки гранки селаните ги користеле за врзување на виновите лози. Типичните тоскански чворови се чест мотив во уметничките дела од тој крај.

Тие испреплетени врвки се типични за селото на Леонардо и можат да се пронајдат на многу од неговите слики, вклучувајќи ја и облеката на Мона Лиза.

Тоа е скриениот потпис на овој мајстор кој како да ни говори: „Отидов, навистина, но оттука потекнувам“.




Коментари

коментари