Рајско место со необично име: Сите би сакале барем еднаш да го посетат овој Затвор!

Островот Чангуу, кој припаѓа во Занзибар, е место познато по неколку работи, а една од нив се џиновските желки. Овој егзотичен остров е еден од неколкуте во светот на кои живеат овие огромни животни, а од Занзибар е оддалечен само неколку километри.

Иако на картата е запишан под името Чангуу, многу туристи го нарекуваат Затворски остров или Островот на желките. Името Затворски остров го добил поради затворскиот комплекс во кој биле затворени робовите. Објектите кои се претворени во музеи и хотели потсетуваат на мрачното минато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Travel Reimagined • Cozymoons (@cozymoons) on


Туристите кои островот го преминуваат со помош на чамци користат прилика да ги нахранат и желките. Надлежните власти вложуваат големи напори во заштита на островот и неговите жители, па на оклопот на секоја желка ја пишуваат и нејзината старост. Најстарата има 194 години.




Коментари

коментари