Расправии помеѓу паровите во текот на самоизолацијата – Корисен совет кој ќе ви помогне

Размислете добро за ова, можеби во тоа се крие најголемиот проблем кој доведува до расправија помеѓу вас..

Веќе со седмици сте во самоизолација со партнерот, возможно е помеѓу вас да започнала доза на непријатности и на површина почнале да излегуваат и најмалите проблеми кои никогаш досега не пртставувале причина за тензија во вашата врска.

Сексологот Грејс Хејзел сподели неколку совети за паровите кои се препознаваат во ова и во овие мигови поминуваат низ тешки времиња. Таа објасува дека комуникацијата треба да биде искрено исразување на мислите и чувствата, но и дека треба пред се да ги слушаме потребите на партнерот, дури и ако она кое ни го зборува звучи како напад или критика.

Кога чувствувате дека се наближува расправија или конфликт, Хејзел советува прво да ги испробате петминутните комуникациски вежби:
„Ако навистина сакате нешто да решите, поставете тајмер така што и двата ќе имате околу пет минути да го кажете она кое ве мачи.“ Притоа додава дека за тоа време не смеете да го прекинувате партнерот нити да „превртувате со очите“, за што и самата признава дека е склона.

После тоа, оној кој досега зборувал станува слушател, и така можете да се менувате се додека и двете страни не почнете да чувствувате дека сте слушнати и разбрани.

„Правилото од пет минути е најважно нешто кое го научив и почнав да го применувам во врските“, вели сексологот.

Ако ова ви се чини како бескорисен совет, размислете за тоа колку во последните расправии воопшто сте слушнале што имал другиот да каже.




Коментари

[fbcomments]