Категории

Разговор меѓу Лејди Гага и Принцот Вилијам, на многу важна тема… (ВИДЕО)

Лејди Гага и Принцот Вилијам имаа разговор на една многу важна тема, станува збор за психичкото здравје на луѓето. 

Во оваа прилика Лејди Гага зборува за нејзиното искуство со психичките болести, предизвиците со кои таа се соочувала и незадоволството кое го чуствувала, иако била опкружена со убави нешта.

Принцот Вилијам и Војводката Кејт ја спроведуваат кампањата „Главите заедно“ (HEADS TOGETHER) во која имаат направено многу, но сепак разговорот со ѕвезда од рангот на Лејди Гага има за цел да ја покрене свеста кај луѓето. Воедно да им се порача дека не е срамно да се разговара на оваа тема и психичкото здравје е исто толку важно како и физичкото.

 

 

Следете ја среќата на инстаграм.