Разговорот со непријателите е корисен – Совети за подобар живот од прочуениот руски психолог Михаил Литвак

Неговата мудрост е лесна да се разбере и следи а резултатите се зачудувачки

Луѓето понекогаш се наоѓаат во вртлог од негативни емоции и тешко им е да излезат од нив. Негативното опкружување го отежнува водењето на здрав и среќен живот. Со цел да се разбие оваа бариера која стои на патот на среќниот живот, познатиот психолог Михаил Литвак осмисли пристап кој го нарекува „психолошки аикидо“.
Тој ги издвојува следните правила за кои смета дека се од клучна важност доколку сакате вашиот живот да тргне во позитивна насока.

-Обавезно испланирајте ги своите акции и добро организирајте го својот живот и како резултат ќе следи среќата.
-Ако нешто многу сакате, не мислете се и не барајте нечија дозвола да го направите. Во оваа ситуација сте важни само вие.
-Не чувствувајте се лошо ако некој е на некое место на кое вие посакувате да биде. Се се случува баш кога треба.
-Како очекувате помош од другите кога ни самите не правите ништо по тоа прашање?
-Ако некој ви направил услуга и ви помогнал, а потоа прави да се чувствувате како нешто да му должите или да треба постојано да му се заблагодарувате, потрудете се таквите личности да ги исфрлите од својот живот.
-Потрудете се да успеете да ги остварите вашите соништа. Тогаш ќе исчезнат сите лоши чувства.
-Делете ја радоста со пријателите и непријателите. Оние кои ве сакаат ќе бидат среќни а оние кои не, ќе бидат вознемирени.
-Способноста на прифаќањето на осаменоста е знак за емоционално зрела личност. Најдобрите нешта ги правиме кога сме сами.
-Подобро е да комуницираш со добра книга отколку со празен човек.
-Со пријателите разговорите се убави, а со непријателите – корисни.
-Депресијата е дадена како човек би можел да размислува за себе.
-Постои само една вистинска причина зошто би требало да ја напуштите работата или да ја завршите врската, било тоа да е емотивна или врска од друг карактер а тоа е неможноста на личен и професионален развој.




Коментари

коментари