Реченици кои нарцисите ги употребуваат најчесто

Нарцисоидната личност се користи со сите свои расположливи средства за да ве турне во уште поголема бездна од која нема да можете да видете ништо друго освен нејзиниот лик. 

Дали се сомневате самите во себе?
Дали сте во врска со нарцис?
Се што ќе кажете или направите никогаш нема да биде доволно добро, и имате чувство дека тоните се подлабоко, како во жив песок. Ако секој ден се наоѓате на работ на нервен слом и почнувате полека да се сомневате дали воопшто таа врска води кон нешто добро, ова што следи е пишувано само за вас.

Нарцисоидната личност се користи со сите свои расположливи средства за да ве турне во уште поголема бездна од која нема да можете да видете ништо друго освен нејзиниот лик.
Мигот кога ќе ја изгубите самопочитта и кога ќе поверувате дека сте недостојни за нивната љубов е остварување на нивната цел.
Ова се најчестите изјави на нарцисоидните личности:

„Лута си затоа што не го направив она кое ти го сакаш“
Ако се обидувате да го наведете да сфати дека и вие имате ваши права, граници и желби, тој нема да го признае тоа толку лесно. Ќе направи се за вие да се чувствувате виновни поради тоа што настојувате нештата да одат во насока која не му се допаѓа. Неговата цел е всушност да ве направи емоционално кревки, за да не мислите дека имате можност да побарате нешто друго освен него.

„Жал ми е, што сакаш уште да ти кажам?“
Ако добиете вакво извинување, знајте дека нималку не му е жал поради тоа што го направил. Тој всушност ви дава лажна надеж дека се покаил и глуми дека е подготвен да превземе одговорност за своите постапки. Всушност ве наведува да се чувствувате лошо за тоа што сте го натерале да ви се извини.

„Ти ме натера да те изневерам“
Нарцисите се стручњаци во проектирање на вината на личноста со која се во врска. Неговото омилено средство е предизвикување чувство на вина кај личноста на која и нанел болка затоа што на тој начин тој всушност се оградува од она што го направил. Ќе тврди дека не му сте посветени и дека премногу време им посветувате на пријателите,родителите и сл. Сето тоа со цел за вие да помислите дека тој бил приморан да ве изневери.

„Зошто едноставно не можеш да заборавиш што се случи порано?“
Кога и да му се укаже прилика, нарцисот ќе истакне дека вие сте таа личност која го влечи минатото со себе, и сите грешки. Зошто? Затоа што нарцисите се добри во решавање спорови на тој начин.




Коментари

[fbcomments]