Категории

Реченици кои никако не треба да му ги кажете на вашето дете

 Ви се случило ли некогаш да му кажете нешто на вашето дете и потоа да ви биде жал за тоа?

Понекогаш случајно изговорените реченици знаат да имаат големо влијание на децата. Сепак, поради брзиот начин на живот често се случува да немаме доволно време да размислиме за тежината и последиците за изговорените зборови.

Ви предлагаме однапред да се подготвите и да знаете како да разговарате со вашето малечко со внимателно одбрани зборови и да избегнувате одредени изрази.

Еве кои реченици не треба никогаш да му ги кажете на вашето дете:

1. Ист си како татко ти/Иста си како мајка ти

Ако кажете нешто вакво бидете сигурни дека таа реченица ќе му одѕвонува во главата на детето.
Ако кажете “тврдоглав си како твојот татко“ тоа веројатно ќе помисли дека не сака да биде како својот татко бидејќи тој е тврдоглав и лош.

2. Не сакам да те видам ниту слушнам!

Оваа реченица може да го натера детето да помисли дека вие не сте среќни што тоа постои.

3. Ако уште еднаш го направиш тоа нема повеќе да те сакам!

Исто и ако кажете “ако го направиш тоа за мене ќе те сакам“ се реченици кои ќе го збунат детето.
Тоа ќе се обидува да ги стави своите желби на страна и ќе ги задоволува желбите на родителите. Овој начин на однесување ќе се пренесе и во подоцнежните години.

4. Немој да ме срамиш

Со ваков став можете длабоко да го повредите детето. Тоа потоа ќе има страшна потреба константно да се докажува пред другите.

5. Ќе те казнам подоцна

Овој став им покажува на децата дека родителите можат да прават што сакаат со нив и дека нивните чувства се целосно неважни.
Тие на своите родители ќе гледаат како на шефови наместо на личности кои ги сакаат. Постојано ќе бидат во страв од казна ако не им удоволат на родителите.

Прегледи:
358
Објавено на:
15.07.2016