Решение за Алцхајмеровата болест, зависностите, депресијата: Со имплант ќе се стимулира мозокот и ќе се лекува

Научниците се на чекор од воведување на нов третман при зависностите. Се работи за длабока стимулација на мозокот која подразбира вградување на апарат кој потсеќа на пејсмејкер. Откако ќе се вгради апаратот, тој испраќа електрични импулси во мозокот на пациентот.

Лекувањето со оваа нова технологија се уште не е започнато, бидејќи вградувањето на овој апарат е ризична процедура, а ефектот кој би го имал се уште не е целосно јасен.
Научниците сепак веруваат дека новиот уред би можел да помогне во лечењето на депресијата, алцхајмеровата болест и пред се кај болестите од зависност.
Ваков апарат веќе е враден на еден пациент во болница во Шангај со цел да му помогне да се избори со зависноста од наркотични средства.
Пациентот тврди дека имплантот има позитивен ефект, иако оваа нова технологија по малку потсетува на некој производ од далечната иднина кој се користи за контролирање на чувствата на среќа, лутина, тага и задоволство.


Идејата оваа технологија да се користи за лекување на болести на зависност предизвикала загриженост во медицинските кругови низ светот бидејќи носи ризик од внатрешно крварење, може да предизвика напади, инфекции и промена на карактерот на пациентот на кој му е вграден ваков апарат.
Многумина тврдат дека оваа технологија мора да биде дополнително тестирана за да може сигурно да се согледа на кој начин влијае на симптомите на болестите на зависност, се со цел пациентите да не се доведат до ризик.




Коментари

коментари