Ретките пронаоѓаат ретки: Само во вистинскиот миг некоја личност влегува во вашиот живот

Дали се прашуваш зошто некои луѓе се сретнуваат?

На самото споменување на зборот карма и кармичките односи секогаш се отвараат прашања на кои луѓето бараат одговор. Иако поголемиот дел од нашите односи на овој свет се всушност кармички обележани, овој пат ќе зборуваме исклучиво за емотивните односи. Оние кои се оствариле и оние кои не.

Грешка е да мислите дека нешто кое кармата го составила неможе да го раздели. Грешка е да мислите дека секој кармички однос мора да трае до крајот на животот, дека сродната душа може да биде само една. Ги има повеќе, вистина е дека само немаме време да ги запознаеме сите во животот.

Во астрологијата кармата е поврзана со Сатурн и Плутон. Најчестите комбинации и показатели на кармичките односи се комбинациите на апектите помеѓу Венера и Месечината на една личност и Сатурн и Плутон на друга. Најлесниот начин на кој можеме да објаснеме зошто чувствуваме нешто толку силно спрема некого се крие во фактот дека сме дел од нечија карма. Дел од едно време кое му припаѓа на вечноста.

Луѓето не се побрзуваат преку врските, браковите, децата. Луѓето не се поврзуваат преку блискоста, постоењето, дружењето, присутноста. Тие се поврзуваат преку чувствата. Спојуваат невидливи краеви, тие можат да бидат потполни странци еден на друг а сепак да бидат најблиските личности кои некогаш се сретнале.

И тој миг кога ќе погледнете во нечии очи или почувствувате силна привлечност спрема некој, кога некој без одредена причина ви е значаен, кога ќе почувствувате цел за вашето постоење, тоа е миг кога ќе ја препознаете својата карма. Тука вашата душа ја памети реинкарнацијата. Потсвесно препознавање и тоа секогаш се случува со причина.

Во астрологијата секогаш постои точно определено време во кое некоја личност влегува во вашиот живот.
Некои луѓе доаѓаат и си одат, некои доаѓаат и остануваат. Некои само не разминуваат, на скали, во околностите на поинаквиот живот. Со некои не оддалечуваат годините, со некои времето. Со некои често имаме чувство дека сме се сретнале во погрешно време. Ткавите случаеви секогаш имаат тенденција повторно да се сретнат. За ден, месец, година, декада. Тие не разминуваат затоа што едноставно не е време за таа лекција. Не сме доволно зрели, не сме доволно силни.

Понекогаш луѓето се сретнуваат во младите денови, потоа животот ги разделува на одреден начин низ многу години, па повторно ги спојува. Понекогаш се сретнуваат и во истиот миг знаат дека тука постои нешто повеќе, нешто посилно, по значајно. Тие можат да претчувствуваат што следи.
Постојат и такви кои никогаш не се сретнале, не се погледнале, а сепак се чувствуваат толку блиски. Таму некаде, километри раздалечени, ве буди нечиј глас, нечии зборови, нечие постоење. И необјасниво посакувате да разбудите нешто, нешто што одамна спие длабоко во вас. И понекогаш се обидувате да побегнете, но тоа е исто како да бегате од вас самите.

И често кога поминувате ноќи во кои се прашувате зошто, како е возможно некој кој не ве ни допрел да ви е толку значаен. И кои се причините поради кои не ви излегува од мислите.
Љубовта секогаш има цел, иако всушност нема цел. Таа се случува без причина, без објаснување, без логика, без размислување. Влегува во односите помеѓу луѓето само за да ги доведе до некоја цел.
И тогаш се прашуваме, зошто некои луѓе се сретнуваат? Затоа што само ретките пронаоѓаат ретки.




Коментари

[fbcomments]